Скокни до содржината
Достава 150 ден. Во ваши раце за 1-3 работни дена.
Солзите на Јустинијан

Солзите на Јустинијан

Некој остава оловни солзи на мртвите низ Скопје, а секое ново тело ја дополнува формата на мапата. Инспекторот Игор Ангелов мора да ја разбере пред да се појави следната точка.

400 ден.
На залиха

Вкупно

Нарачај веднаш
Тип
Книга
SKU
BOOK-017
Достава
1—3 дена

За книгата

Внатре во приказната

Во една ноќна чајџилница во Старата чаршија, сопственикот е пронајден мртов. Под неговиот очен капак некој внимателно ставил мала оловна солза. Наскоро следува второ тело на Кале, а потоа и трето, кај Старата железничка станица, каде часовникот засекогаш стои на 5:17.

Инспекторот Игор Ангелов гледа нешто што неговиот шеф одбива да го види: убиствата цртаат форма врз мапата на Скопје. Трагата го води низ архиви со документи што „не постојат“ и низ заборавени тунели под Вардар. На крајот стига до еден закон изгласан „во време на летни одмори“. На маргините на тој закон стои запис од два збора: „Јустинијанов принцип“.

„Солзите на Јустинијан“ е скопски ноар во кој градот не е само место на настаните, туку лик со своја меморија и свои тајни. Ќе ја сакаат читателите што уживаат во загатки, симболи и трилери во стилот на Ден Браун, но и сите што сакаат да го видат Скопје поинаку.

Книгата е дел од скопскиот ноар-универзум заедно со „Заѕидана во Барокот“ и „Олово во коските“. Трите романи се читаат и самостојно, но заедно откриваат врски меѓу ликовите и градот.

Авторот, д-р Филип Петровски, поранешен директор на Државниот архив и на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во книгата ги внесува ходниците на архивите и подземјето на Скопје што ги познава одблиску.

Други книги

Можеби ќе ви се допадне

Еретичка приказна
№02
Ново
Прочитај повеќе →

Еретичка приказна

„Еретичка приказна“ е остра и вознемирувачки препознатлива новела за држава во која вистината се дави во пропаганда, а привилегираните живеат далеку од последиците на сопствената власт. Кога Марко — творецот на партиските лаги — ќе се соочи со човечката цена на системот што го создал, мора да избере меѓу удобноста и совеста.

200 ден.