Скокни до содржината
Достава 150 ден. Во ваши раце за 1-3 работни дена.
Не правете го тоа во мојот автомобил

Не правете го тоа во мојот автомобил

“Во оваа збирка раскази станува збор за лични, сочни, јадри, отворени, полнокрвни и жуборливи, напати дури и скокотливи и смели, сугестивни, кокетно и хедонистички прошетки низ сопствениот, но и низ туѓите животи; стварносни вдомени во фикција, но и фикциски вдомени во стварност; документаристичко-патописни со недвосмислена прозна амбиција наспроти лежерноста на нарацијата и дневничкиот тон”. Оливера Ќорвезироска

300 ден.
На залиха

Вкупно

Нарачај веднаш
Тип
Книга
SKU
BOOK-015
Достава
1—3 дена

За книгата

Внатре во приказната

Емил Крстески е новинар, прозаист и сликар, доктор по политички науки. Досега има објавено шест книги од областа на меѓународните односи и три збирки раскази: “Три дена во Париз”, (преведена на српски јазик, промовирана во Нови Сад, Шибеник и во Прага), “Флик ен Флак” и “Не првете го тоа во мојот автомобил”.
Има реализирано и три самостојни, а со свои слики учествувал на две меѓународни изложби.
Бил новинар и надворешно-политички уредник во МТВ, “Нова Македонија” и во неделникот “Пулс”.
Единаесет години е државен советник за надворешна политика во Кабинетот на претседателот на Собранието, четири и пол години доректор на Државниот архив и наш вонреден и ополномоштен Амбасадор во Чешката Република.
Четири години живеел во Стразбур, Франција, каде што ги следи сесиите на Европскиот парламент и три години во Њујорк, каде што работи врз докторската досертација.

Други книги

Можеби ќе ви се допадне

Еретичка приказна
№02
Ново
Прочитај повеќе →

Еретичка приказна

„Еретичка приказна“ е остра и вознемирувачки препознатлива новела за држава во која вистината се дави во пропаганда, а привилегираните живеат далеку од последиците на сопствената власт. Кога Марко — творецот на партиските лаги — ќе се соочи со човечката цена на системот што го создал, мора да избере меѓу удобноста и совеста.

200 ден.